Top Sport

Англичаните против Белгија без презимиња на дресовите

Фудбалската репрезентација на Англија, утре ќе одигра пријателски натпревар против Белгија. На дресовите во второто полувреме нема да бидат испишани нивните презимиња. Со ова англиските репрезентативци сакаат да подигнат свеста за симптомите на Алцхајмерова болест.

Имињата ќе „исчезнат“ од дресовите на играчите кога ќе се вратат на теренот по полувремето за да покажат како луѓето со деменција можат да изгубат драгоцени спомени, објавија од репрезентацијата на Англија. Иницијативата е дел од партнерството помеѓу Фудбалската асоцијација (ФА) и Здружението за Алцхајмерова болест.

„Се надеваме дека не само што ќе ги охрабриме навивачите да донираат за нашето истражување за рана дијагноза, туку и да ги поддржат своите најблиски исто како што го поддржуваат националниот фудбалски тим“, рече Кејт Ли, извршен директор на Здружението за Алцхајмерова болест.

Scroll to Top