Top Sport

Англичаните рутински со Андора, Унгарија загуби во Елбасан

Англија ја забележа и петтата последователна победа во квалификациите за Светското првенство во Катар, откако рутински со 4:0 ја совладаа Андора, додека во истата група, Албанија стигна до импресивна 1:0 победа над Германија за да си ги зголеми шансите за пласман на Мундијалот.

Џеси Лингард уште во 18. минута ги донесе „трите лава“ во водство, но за вториот гол се чекаше до 72. минута, кога беше досуден пенал, а капитенот Хери Кејн беше прецизен. Во 78. минута, Џеси Лингард го постигна својот втор гол, пред во 85. минута, Букајо Сака да ги постави конечните 4:0.

Албанија, пак, со голот на тинејџерот Армандо Броја во 85. минута стигна до 1:0 победа која ги носи на второто место на табелата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

АНГЛИЈА – АНДОРА

АЛБАНИЈА – УНГАРИЈА

БУГАРИЈА – ЛИТВАНИЈА

Scroll to Top