Top Sport

Синот на Гудјонсен ни ја „украде“ победата на Исланд!

Македонската фудбалска репрезентација успеа несфатливо да пропушти 2:0 водство во Рејкјавик, за да одиграме само 2:2 на гости кај неубедливите Исланѓани, за нов студен туш по неубедливите 0:0 дома против Ерменија.

Иако резултатот изгледа тесен, македонската репрезентација беше далеку поактивна и во поголемиот дел од мечот ја имаше контролата на мечот, освен во финишот кога Исланѓаните успеаја да извлечат реми благодарение на нашите грешки.

Мечот започна одлично, кога по неколку акции пред противничкиот гол, по корнерот на Езѓан Алиоски, Дарко Велковски со глава успеа да донесе водство благодарение на лошата интервенција на исландскиот голман. Ние ја имавме иницијативата во текот на остатокот од полувремето, а Енис Барди во финишот на полувремето имаше одличен обид, кој беше блокиран.

Само што почна второто полувреме, во 54. минута, Алиоски имаше одличен продор и ни донесе 0:2 водство. Контролата на мечот беше во наши нозе до 79. минута, кога под Бјарнасон израмни по еден слободен удар по кој одбиената топка од Димитриевски дојде пред неговите нозе.

Веќе во следниот напад, Александар Трајковски имаше шанса да ја обезбеди победата, но ја погоди само стативата, за во 84. минута да стигне казната – синот на поранешниот фудбалер на Барселона, Еидур Гудјонсен, 19-годишниот Андри Гудјонсен да ја казни невнимателната реакција на одбраната за 1:1, резултат кој не држи далеку од место кое води на Мундијалот. Дарко Чурлинов во судското продолжение имаше шанса да донесе драматична победа, но топката беше извадена од гол-линијата.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top