Top Sport

Мурињо го продава Погба за да го реконструира тимот

Жозе Мурињо во летниот преоден рок е подготвен да направи голема реконструкција во тимот, а за таа цел е подготвен да го продаде Пол Погба.

Според медиумите Португалецот и францускиот репрезентативец извесен период имаат лоши односи, бидејќи најскапиот играч во историјата на Манчестер јунајтед смета дека за неговата лоша форма е виновен тренерот.

Мурињо е свесен дека наредната сезона ќе мора да освои некој значаен трофеј и за таа цел планира да донесе петмина фудбалери и да се ослободи од Погба.

Во плановите на Португалецотсе наоѓаат двајца фудбалери на Реал Мадрид, Рафаел Варан и Тони Крос. Со Варан, Мурињо соработуваше во реал, а за Крос смета дека би бил идеална замена за Погба.

Двајца играчи од ПСЖ, исто така, се на радарот на Мурињо. Дефанзивецот Маркињос и италијанскиот репрезентативец Марко Верати се на радарот на менаџерот на Манчестер јунајтед.

Мурињо, во своите планови има уште еден дефанзивец, левиот бек на Јувентус, Алекс Сандро, кој минатото лето се поврзуваше со Челси.

Од друга страна Погба би требало да се пресели во Реал, бидејќи тренерот Зинедин Зидан е воодушевен од од својот сонародник.

Scroll to Top