Top Sport

Англичанките во драма од 120 минути преку Германките за прва европска титула

Англија успеа да дојде до драматична 2:1 победа над осумкратните шампионки Германките по продолженијата на „Вембли“ за да ја освојат својата прва титула, и, конечно, да стават крај на славната изјава на Гери Линекер дека фудбалот е спорт во кој обично победуваат Германците.

Германките го започнаа мечот ослабени откако нивната капитенка и најдобар стрелец, Александра Поп не можеше да го стартува мечот откако се повреди на загревањето. Фудбалерката на Манчестер јунајтед, Ела Тун ги донесе „лавиците“ во водство во 62. минута, но Германките успеаја да осигураат продолженија во 79. минута преку Лина Магул (Баерн Минхен).

Хероина на домаќините беше Клои Кели, фудбалерката на Манчестер сити, која во 111. минута од мечот беше најснаодлива во хаотичната ситуација пред германскиот гол за голема победа.

Scroll to Top