Top Sport

Англија – Австралија е втората полуфинална двојка на СП за жени

Фудбалските репрезентации на Австралија и на Англија ја сочинуваат втората полуфинална двојка на Светското првенство во фудбал за жени.

Австралијките во четвртфиналето во Бризбејн по изведување на пенали ја совладаа Франција со 7:6, откако немаше голови низ текот на играта. Англија беше подобра на мечот со Колумбија и славеше со 2:1.

Во другиот полуфинален дуел на СП ќе се сретнат Шпанија и Шведска.

 

Scroll to Top