Top Sport

Ни фантастичниот Дончиќ не го спаси Далас – Тејтум со 51 поен ги „уби“ Нетси

Екипата на Далас Маверикс доживеа пораз во третиот меч од плеј-оф серијата против Лос Анџелес Клиперс со 118-108 и тоа на свој паркет. Така Клиперси вратија еден брејк затоа што по првите два меча губеа со 2-0.

Лука Дончиќ имаше феноменална партија со 44 поени, 9 скока и 9 асистенции, но недоволно за триумф.

Каваи Ленард со 36 поени беше најефикасниот кај гостите, а го следеше Пол Џорд со 29 поени.

Бостон на свој терен го совлада Бруклин со 125-119 и така намали на 2-1 во партии.
Џејсон Тејтум беше незадржлив, уфрли 51 поен во кошот на Нетси, а имаше и 6 скока и 7 асистенции.
Поддршка имаше од Маркус Смарт со 23 поени и 6 асистенции.
Кај Нетси Џејмс Харден уфрли 41 поен, а Дурент броеше до 39.

Атланта Хоукс со 105-94 беше подобра против Њујорк Никс и поведоа со 2-1 во плеј-оф серијата.

Дури седуммина имаа двоцифрен ефект, Најпрецизен беше Тре Јанг со 21 поен и 14 асистенции, следен од Богдан Богдановиќ со 15 поени.

Кај Никс осамен беше Дерик Роуз со 30 поени.

Scroll to Top