Top Sport

Англија има највредна репрезентација, во Топ 15 се Србија и Хрватска

Во пресрет на ждрепката за баражите, за пласман на Светското првенство во Катар, „Трансфермаркт“, објави кои репрезентации најмногу вредат во светот на фудбалот.

Две репрезентации од регионот се наоѓаат меѓу првите 15. Србија е на 12., а Хрватска на 13.место.Вредноста на српската репрезентација изнесува 342 милиони евра, а на хрватската 316,7 милиони евра Најскапи играчи кај Србите се Сергеј Милинковиќ-Савиќ (според Трансфермаркт вреди 70 милиони евра) и Душан Влаховиќ (50 милиони евра).

Најскапи играч во хрватската репрезентација е Марцело Брозовиќ (40 милиони евра) и Никола Влашиќ (30 милиони евра).

Пред Србија е Хрватска е Сенегал. Садио Мане е проценет на 85, а Калиду Кулибали на 48 милиони евра. Вкупната вредност на Сенегелаците изнесува 342,8 милиони евра.

Пресметките на „Трансфермаркт“ на врвот ја сместија Англија. Вредноста на играчите на „Гордиот албион“ изнесува 1,23 милијарди евра. Вреднотс помала од една милијарда евра имаат Франција (978,8) и Бразил (870,5).

Следуваат Португалија (775), Аргентина (745,5), Шпанија (728), Холандија (668), Италија (663,5), Германија (572) и Белгија (419,5).

Scroll to Top