Top Sport

Кадровски проблеми го мачат Вујовиќ пред мечот со Пик Сегед

Ракометарите на Вардар 1961, утре ќе го пречекаат Пик Сегед. Минатата недела двата тима играа во Унгарија, Пик Сегед победија со 34:31. Вардар утре ќе бара излез од резултатската криза, црвено-црните на последните четири натпревари забележаа исто толку порази.

Вардар 1961 бара излез од кризата против актуелните шампиони на Унгарија. Пред дуелот тренерот Веселин Вујовиќ се соочува со огромни кадровски проблеми, не е сигурен со кој тим ќе им се спротивстави на Унгарците.

„Дибиров е на инфузија, има некоја вироза. Тото има проблем со коленото, не е сигурно дека ќе игра. Проблеми имаат Стоилов и Кудуз. Мишевски и Куни не се целосно рехабилитирани“, изјави Вујовиќ.

Утрешниот натпревар во „Јане Сандански“ ќе започне во 20.45 часот.

Scroll to Top