Top Sport

Англија против Хрватска во 4-2-3-1, Кејн го предводи нападот

Англија и Хрватска утре ќе го започнат својот настап на Европското првенство.

Англичаните се во најтесниот круг на фаворит за највисок пласман, додека светски вице-шампиони од втор план ќе се обидат да приредат изненадување слично на она пд пред три години во Русија.

Токму во Русија, во 2018 година, последен пат се сретнале Англија и Хрватска. Во полу-финалето, по продолженијата победија Хрватите со 2:1.

Англиската јавност со нетрпение очекува да види со каков тим Герет Саутгејт ќе ја напдне Хрватска. Според некои информации, во почетниот состав нема да има место за најкреативниот Англичанец, Џек Грилиш, а Суатгејт ќе започне во формација 4-2-3-1.

Јасно е дека овој мече ќе го пропуштат Џордан Хендерсон и Хари Мегваер.

Ангиличаните тврда дека против Хрватска ќе започнат: Пикфорд – Вокер, Стонс, Мингс, Чилвел – Филипс, Рајс – Маунт, Стерлинг, Рашфорд – Кејн.

Scroll to Top