Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) покрена постапка против Киран Трипие. Фудбалерот на Атлетико е обвинет дека ги прекршил правилата за обложување.
Според ФА Трипие на други лица им откривал информации поврзани со неговиот трансфер минатото лето. Наводно тој им открил дека од Тотенхем за 20 милиони евра ќе се пресели во Атлетико.
Трипие има рок да одговори на овие обвинувања до 18 мај. Доколку биде прогласен за виновен се соочува со казна, односно неколку месечна суспензија.
„Марка“ пишува дека тоа нема да претставува голем проблем за Атлетико бидејќи на таа позиција го има Шиме Врсаљко, а негова замена ќе биде Сантијаго Аријас.
Шпанскиот весник наведува дека Врсаљко ќе се врати на позицијата која му припаѓа, а без која остана поради тешката повреда. Во текстот се истакнува дека на мечот со Реал, кој беше прв за Врсаљко по пауза од една година, покажал дека може да игра на високо ниво. Исто така се истакнува неговата парирја против Ливерпул во Мадрид, во првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите.
„Марка“ потенцира дека поради англиската глупост Врсаљко ќе ја врати својата позиција во тимот.