Top Sport

Англиски фудбалер во критична состојба по судирот со рекламно пано

Алекс Флечер, напаѓачот на англискиот нисколигаш Бат сити е во болница во критична состојба откако се удрил со главата во рекламно пано покрај теренот на мечот со Далвич хамлет во вторникот.

23-годишниот Флечер се судрил со рекламното пано по смо пет минути игра, а по првичната пауза од половина час, мечот бил прекинат кога тој бил однесен во болница.

Иако нема детали за инцидентот, на социјалните мрежи навивачите на клубот објаснија дедка тој загубил еден дуел по што ненамерно бил турнат во рекламите во мечот од Националната лига, шестата англиска лига.

Scroll to Top