Top Sport

Нов пораз за Аталанта, на Рома им избега победа кај Сасуоло!

Наполи по одличниот старт на сезоната го губи „чекорот“ со лидерот Наполи по вториот пораз едноподруго, овојпат со неочекувани 2:1 на гостувањето кај Лече, а во исто време Рома на Жозе Мурињо пропушти шанса да се искачи на третото место на табелата откако одигра 1:1 кај Сасуоло.

Аталанта беше „нокаутирана“ во две минути во првото полувреме – Федерико Баскирото стрелаше во 27. минута, за веднаш потоа во 29. минута, Федерико ди Франческо да зголеми на 2:0. Дуван Запата во 40. минута врати еден гол за гостите, меѓутоа до крајот на мечот, Лече успеа да се одбрани за само втора победа оваа сезона.

Третиот пораз во последните четири меча за Аталанта требаше да биде искористен од Рома, која успеа да дојде до доцно водство во 80. минута преку Теми Ејбрахам, за само пет минути подоцна Андреа Пинамонти да израмни за домаќините.

СЕРИЈА А, 14.КОЛО
Лече – Аталанта 2:1
Сасуоло – Рома 1:1


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top