Top Sport

За Македонија заврши ЕП, Романките, едноставно, пресилни

Македонската женска ракометна репрезентација го одигра своето најдобро полувреме на Европското првенство, но тоа не беше доволно за пласман во втората рунда, откако Романките, предводени од моќната Кристина Неагу стигнаа до 31:23 победа во Скопје.

Во солидното прво полувреме, тимот на Љубомир Савевски постојано беше во негатива, но не дозволивме Романија да се одвои, пред во второто полувреме, тие да направат предност, која потоа не беше достижна за македонската репрезентација.

Сања Дабевска беше најефикасна со 7 постигнати голови, пет додаде Симона Маџовска, додека кај Романија, Неагу беше убедлива со 10 голови и со фантатична прецизност од над 70 отсто.

ЕП РАКОМЕТ 2022
ГРУПА Ц
Македонија – Романија 23:31 (12:13)
Германија – Шпанија 20.30 ч.
ГРУПА Д
Полска – Црна Гора 23:26 (12:12)
Франција – Холандија 20.30 ч.

Фото: ЕХФ

Scroll to Top