Top Sport

Англискиот фудбалер Вокс загина во несреќа со брод, имаше само 25 години

Дефанзивецот на Шарлот ФЦ во МЛС лигата, 25-годишниот Англичанец Антон Вокс загинал во несреќа на два брода во Мајами, потврди клубот. Вокс, кој кариерата ја започнал со Тотенхем, пред да игра и за Портсмут во англискиот фудбал и Атланта во МЛС лигата бил повреден во судирот на два брода, објави полицијата во Мајами.

Шарлот го избраа Вокс во драфтот за клубовите од експанзијата на лигата во 2021, откако тој помина две сезони во Атланта јунајтед.

„Сите сме потресени од трагичната смрт на Антон Вокс. Тој беше фантастичен соиграч, син, татко и партнер. Нашите мисли и молитви се со семејството на Антон во овие тешки моменти“, изјави сопственикот на Шарлот, Дејвид Тепер.

Scroll to Top