Top Sport

Англискиот голман Пикфорд вмешан во пијана тепачка во паб (видео)

Голманот на Евертон и на англиската репрезентација, Џордан Пикфорд бил вмешан во лута тепачка во паб во Сандерленд, откако на Интернет се појави видео во кое тој е заддржуван од повеќе луѓе во пијана расправија во недела навечер.

25-годишниот Пикфорд, кој помина 17 години како фудбалер на Сандерленд пред да направи трансфер во Евертон, на видеото удира кон друг човек во мешаница пред барот, а во исто време две девојки се обидуваат да го оттргнат.

Од Евертон потврдија дека се свесни за видеото и посочуваат дека „ќе ја разгледаат ситуацијата“, а дел од англиските медиуми тврдат дека се работи за пресметка со навивачи на Њукасл, поради големиот антагонизам меѓу навивачите на Сандерленд и Њукасл.

Лудата вечер на голманот доаѓа еден месец откако неговата свршеница Меган Дејвисон се породи со нивното прво дете.

Scroll to Top