Top Sport

Федерер: Новак и Рафа имаат еднакви шанси да го поминат мојот рекорд

Иако тој самиот тврди дека уште не е подготвен да се пензионира, кариерата на 37-годишниот Роџер Федерер сигурно е пред крајот и покрај тоа што Швајцарецот стигна до својата 101. титула во Мајами во неделата.

Носителот на рекордни 20 гренд слем титули беше запрашан дали Рафаел Надал (17 гренд слема) или Новак Ѓоковиќ (15 гренд слема) имаат подобри шанси да го стигнат неговиот рекорд.

„Прашање е колку ќе бидат здрави во иднината, и секогаш мораш да го избереш човекот кој е веднаш зад тебе, а тоа сега е Рафа. Знаеме што може да направи на Ролан Гарос и знаеме каков е кога е здрав и кога доминира. Но, мислам дека двајцата имаат еднакво време да ме стигнат. Велам, прашањето е колку долго ќе можат да играат и колку се грижат за тој рекорд, колку сакаат да го стигнат. Ако не им е грижа, тогаш двајцата можеби ќе се повлечат во следните година-две. Ако го сакаат, тогаш може да играат повеќе години, и се надевам дека ќе биде така“, вели Федерер.

Scroll to Top