Top Sport

Владимир Кличко во рингот веќе на 25 мај во Киев?

Владимир Кличко ќе се врати од пензија и ќе боксува на 25 мај на „Олимпискиот стадион“ во Киев, тврдат локалните медиуми.

43-годишниот поранешен шампион во тешка категорија потпиша богат договор со интернет-сервисот „ДАЗН“, од 120 милиони долари за три меча, тврди украинскиот портал „Спорт арена“. Тоа би бил прв меч на домашен терен од 1998 година, а противникот уште не е утврден.

Поранешниот промотер на Кличко, Германецот Тим Лефлер минатата недела изјави дека Украинецот е подготвен за враќање.

„Една компанија му понуди многу пари за да се врати. Тој останува бренд кој навивачите сакаат да го гледаат. И јас би платил илет да го гледам. Тој веќе постира видеа и фотографии, што покажува дека идејата е во главата. Беше блиску до победа во последниот меч против Ентони Џошуа во 2017 и знам дека сака да се врати“, вели Лефлер.

Scroll to Top