Top Sport

Англиските и косовските фанови заедно пееја: Србите се копилиња, каде и да одат (видео)

Англиските и косовските навивачи заедно пееја „Е.и ја Србија“ за да фрлат дамка на мечот кој предизвика толку многу внимание со одличниот пречек на англиската репрезентација на гостувањето во Приштина.

Англичаните стигнаа до 4:0 победа на гости, но главната приказна која доаѓаше од Косово беше пеењето на англиската химна од страна на косовските навивачи на стадионот „Фадиљ Вокри“ и големиот број на англиски знамиња. Покрај тоа, Косовците објавија голем банер со ликот на Рахим Стерлинг, откако тој беше расистички напаѓан на гостувањето во Бугарија.

Меѓутоа, убавата слика од мечот, беше расипана од дел од англиските навивачи, кои на стадионот извикуваа: „Србите се копилиња, каде и да одат“, а и од локалните барови каде што се пееше песна со порака „Е.и ја Србија“.

Дел од англиските коментатори сметаат дека се работи за лицемерство кога се обвинуваат навивачите на Бугарија за расистичките извици, а во исто време и нивните фанови не се однесуваат ниту малку подобро.

Scroll to Top