Top Sport

Таткото на Халанд во посета на Манчестер јунајтед?

Алф Инге Халанд, поранешниот фудбалер на Лидс и на Манчестер сити, очигледно ги надминал проблемите со Манчестер јунајтед, откако бил во посета на тренинг-кампот на „ѓаволите“ зголемувајќи ги шпекулациите дека неговиот син, Ерлинг Халанд е пред трансфер на „Олд Трафорд“.

Со 26 гола во само 18 меча оваа сезона, 19-годишниот Ерлинг , фудбалер на Ред бул Салцбург се смета за еден од најталентираните напаѓачи на континентот, откако импресионираше со неверојатни пет хет-трика и даде гол во секој меч во Лигата на шампионите, вклучувајќи еден гол на „Енфилд“ против Ливерпул.

На Алф Инге Халанд пак, фудбалската кариера му заврши токму во меч против Манчестер јунајтед, откако поранешниот капитен на „ѓаволите“, Рој Кин брутално го фаулираше и му ја скрши ногата во одмазнички старт за претходни несогласувања меѓу двајцата во 2001 година.

Според англиските извори, таткото Халанд бил во посета на Керингтон, тренинг-центарот на Јунајтед, а шпекулациите се зголемени откако младиот Халанд работеше со менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер во норвешкиот Молде.

Се веруваше дека Јунајтед ќе ги „брка“ Марио Манџукиќ и Муса Дембеле во јануарскиот преоден рок, пред да тргне на Халанд во текот на летото.

Солскјер има осум мети и 200 милиони за трансфери

Scroll to Top