Top Sport

Англиските навивачи го избраа Хери Кејн

Хери Кејн стана првиот англиски фудбалер кој ја добил наградата за играч на годината од страна на Фудбалската федерација на навивачи (ФСФ).

Асот на Тотенхем, Кејн беше најдобар по гласовите од речиси четврт милион фанови, пред играчот на Манчестер сити, Белгиецот Кевин де Бројне.

„Голема благодарност до Фудбалската федерација на навивачи, бидејќи оваа награда значи многу. Да се добие поддршката на навивачите од целата земја е одлично остварување. Годината беше добра за мене, а посебно сум горд што ја однесовме Англија на Мундијалот“, изјави Кејн.

Scroll to Top