Top Sport

Пандев за лет на „Грифоне“ од опасната зона (видео)

Македонскиот репрезентативец, Горан Пандев го постигна својот прв гол оваа сезона во најдобро можно време за Џенова, кревајќи ги до 1:0 победа над Верона за мало оддалечување од зоната за испаѓање.

Пандев го „замолче“ стадионот „Марк Антонио Бентегоди“ во судиското продолжение во првото полувреме, откако по една акција на Бертолачи и Тарабт, топката дојде до македонскиот ветеран, кој го најде патот до голот на Николас за водство од 1:0.

Пандев беше заменет во 64. минута од мечот од страна на Џанлука Лападула. По лошиот старт на сезоната за Пандев и за Џенова, голот доаѓа во моменти кога нашиот репрезентативец добива конкуренција во нападот на „Грифоне“ од ветеранот Џузепе Роси.

Со трите поени од само третата победа оваа сезона, Џенова „скокнува“ на 15. место  во Серија А со 13 поени, додека Верона останува претпоследна со 9 поени, со само „отпишаниот“ Беневенто зад нив (со 1 поени освоен на спектакуларен начи против Милан во неделата).

Scroll to Top