Top Sport

Роналдо ја добива петтата „Златна топка“ на Ајфеловата кула?

Кристијано Роналдо ќе ја прими петтата награда „Златна топка“ на врвот на Ајфеловата кула во четврток, тврди шпанскиот весник „Мундо депортиво“.

Напаѓачот на Реал Мадрид, кој стигна до историска втора титула во низа од Лигата на шампионите во мај, но се мачи со формата во новата сезона, требаше да се натпреварува со вечниот ривал Лионел Меси од Барселона за „Балон д’ор“, но новинарот Францеск Агилар, кој е проверен извор и до 2014 гласаше за наградата, вели дека Роналдо ќе ја добие наградата на „Франс фудбал“. Агилар и минатата година најави дека Роналдо ќе биде добитник, што подоцна се оствари.

Според него, до Роналдо ќе биде претседателот на Мадрид, Флорентино Перез, а најверојатно и тренерот Зинедин Зидан. Со петтата титула, Роналдо ќе се израмни со Меси.

Минатогодишниот победник беше откриен неколку дена пред доделувањето н наградата. Претходно, се појави фотографија на списанието „Франс фудбал“ со Лионел Меси на насловната страница, посочувајќи дека тој е победникот, но потеклото на фотографијата остана непознато.

Роналдо „тајно“ му се јавил на Меси?

Scroll to Top