Top Sport

„Ањели е диктатор, Путин во фудбалот“

Андреа Ањели и Флорентино Перез, никогаш не криеле дека немаат намера да се откажат од проектот европска Сулерлига. Откако првичниот проект им пропадна за 48 часа, тие подготвиле нов. Планот е системот по кој ќе се игра Суперлигата, да биде сличен на Лигата на нации.

На овие информации експресно реагираше претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, кој учествува на „Фудбалската бизнис конференција“, во организација на „Фајненшел тајмс“.

„Прво среде пандемија покренаа бесмислена идеја, а сега среде војна повторно слушаме идеи кои немаат логика. Очигледно е дека тие живеат во паралелен универзум“, рекол Чефереин.

Првиот човек на УЕФА, потоа го критикувал својот кум, со кого не зборува откако тој тргна да ја формира Суперлигата.

„Ањели е узурпатор, диктатор, тој е Путин во фудбалот. Тој е човек без срам. Ниту војната не може да ги запре неговите намери“.

Scroll to Top