Top Sport

Валенсија ќе даде 50 милиони за Гуедеш

Валенсија е блиску до комплетирање на трансферот на крилото на Пари Сен-Жермен, Гонсало Гуедеш за 50 милиони евра, а во нападот ќе му прави друштво и Кевин Гамеиро од Атлетико Мадрид.

Според порталот „Гол“, Валенсија веќе лично се договори со Гуедеш, кој беше позајмен фудбалер на „Месталја“ минатата сезона, и сега се договара трансферот кој ќе ги чини „Лос че“ фантастични 50 милиони евра.

Постои опција за итен трансфер, и 15-20 отсто од секој иден договор, но и можноста Гуедеш, кој лани имаше 33 настапи и 5 гола за Валенсија, да помина уште една година како позајмен фудбалер.

Валенсија исто така се согласи и за трансфер на францускиот напаѓач Гамеиро, кој ќе пристигне за првични 16 милиони евра, со дополнителни 2 милиони евра во бонуси. Гамеиро дојде во Атлетико од ПСЖ во 2016 година и има четиригодишен договор со Атлетико, каде што не добиваше шанси минатата сезона.

Фото: ЕПА

Scroll to Top