Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели вели дека едноставно го обожава својот хрватски напаѓач Марио Манџукиќ, кој оваа сезона добива повеќе простор кај „старата дама“ откако Гонзало Игуаин замина, а пристигна Кристијано Роналдо.
„Марио е фантастично момче. Го обожувам. За него не треба да се трошат многу зборови. Сака да победи во секој меч, и тоа е совршено за менталитетот на Јувентус“, вели Ањели за „Газета дело спорт“.
Манџукиќ веќе не е дел од хрватската репрезентација по освојувањето на среброто на Мундијалот во Русија и сега може да се фокусира само на Јувентус.
„Тој разговараше со нас за ситуацијата и му беше потребно време сам да донесе одлука. Мораме да им честитаме на Хрватите, бидејќи направија вистински успех. Марио е еден голем талент кој придонесе за тој успех“, додава Ањели.