Top Sport

Ањели: Немам никаков проблем со Конте, тој е симбол на Јувентус

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели во интервју за „Радио 24“, вели дека самиот го избрал Маурицио Сари да биде тренер, но признава дека е фасцинантно да се гледа Антонио Конте како тренер на ривалите од Интер.

„Го сакавме Маурицио Сари и го земавме Сари. Антонио Конте е симбол на Јувентус бидејќи освои повеќе титули и трофеј од Лигата на шампионите. Имаме мирен однос со него и се почитуваме, но пред сè сме професионалци. Тој реши да го враќа Интер кај победниците заедно со претседателот Стивен Жанг, кого го познавам и почитувам, и тоа е нешто што ме фасцинира“, вели Ањели.

Тој исто така има и голема почит кон Лацио, кои неочекувано се само еден поен зад „бјанконерите“ и станаа закана за шампионските амбиции на двата побогати клубови.

„Морате да се плашите од тие кои не се плашат. Тие немаат обврска да победуваат и тоа е нивна предност. Но, тоа може да биде и непријател ако по еден или два порази се задоволуваш со место во Лигата на шампионите. Во споредба со Интер имаат целосно поинаква филозофија и не можете да ги споредувате. Интер не се толку ’лесни’ во игра, бидејќи Конте си зеде обврска да победува“, додава Ањели.

Scroll to Top