Поранешниот претседател на Јувентус, Андреа Ањели, објави дека неговата одлука да се повлече од функцијата воопшто не била лесна, но тоа го направил за да не влијае на одлуките на истрагата поврзани со „старата дама“.
Ањели претседаваше со неговото последно собрание на акционери во Торино. Тој поднесе оставка на 28 ноември заедно со остатокот од бордот на директори, вклучувајќи ги и потпретседателот Павел Недвед и извршниот директор Маурицио Аривабене.
Новите членови на одборот беа именувани вчера.
Андреа Ањели го отвори денешното собрание на акционери со краток говор.
„На следниот претседател Фереро и на новиот извршен директор Сканавино му посакувам се најдобро. Ќе дадам дополнителни проценки на состанокот на бордот на директори на 18 јануари“, рече тој.
„Заминувањето од претседателската функција не беше лесна одлука за мене. Покрај тоа што го сакам Јуве, работев напорно за да ги постигнам извонредните резултати во последните години, и на теренот и надвор од него“, дополни Ањели.