Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели тврди дека 11 клубови уште се „обврзани“ за проектот на Европската Суперлига бидејќи имаат потпишано „договор од 120 страници“ и дека контроверзниот план не пропаднал.
Суперлигата беше промовирана минатиот април, но наиде на бурна реакција на навивачите, поранешните фудбалери и на владата на Велика Британија, по што сите англиски клубови се повлекоа и во проектот останаа само Јувентус, Реал Мадрид и Флорентино Перез. На фудбалскиот бизнис-самит во Лондон, претседателот на Јувентус го даде своето мислење и одби да го коментира претседателот на Ла лига, Хавиер Тебас, кој изјави дека трите клуба „лажат повеќе од Путин“.
„Суперлигата не пропадна. Според мене на европскиот фудбал му е потребна огромна реформа. нема да одговарам на прашањата за Тебас, неговите изјави зборуваат сами за себе. УЕФА знаеше дека јас како претседател на Јувентус работев на Суперлигата, која е колективна работа на 12 клуба, не на една личност. 12 клуба потпишаа договор од 120 страници кој уште е обврзувачки за 11 од тие клубови. Компромисот веќе не е избор, и потребни се промени. Во моментов има монопол во голем бизнис како фудбалот и тоа не смее да биде така“, изјави Ањели.
+++Andrea #Agnelli sulla #Superlega: "Il progetto non è fallito, i club hanno firmato un contratto che è ancora vincolante+++
— Sportface (@sportface2016) March 3, 2022