Top Sport

Ањели застана зад Роналдо: Тој е вистински суперхерој!

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели цврсто застана во одбрана на Кристијано Роналдо по обвинувањата за силување, велејќи дека португалската ѕвезда е „вистински суперхерој за сите деца низ целиот свет“.

Досега беспрекорната репутација на Роналдо (и покрај обвинувањата за егоизам) се стави на испит по обвинувањата дека во 2009 година ја силувал Американката Кетрин Мајорга во хотелска соба во Лас Вегас, но по првичното колебање, Јувентус сега цврсто застана зад својот фудбалер.

„Првпат во историјата на нашиот клуб, двете души на Јувентус се споија за инвестиција во еден фудбалер. Од спортска гледна точка добивме голема вредност која ја гледаме секој ден, а комерцијално, Роналдо гарантира достапност во целиот свет. Луѓето сакаат да гледаат суперхерои и тој е еден од нив. Покрај тоа, ни дозволува да исполниме празнина во Италија – продажбата на италијанскиот спорт и правата низ светот. Јуве, секако, не е само Роналдо. Ние сме колектив и ЦР7 е црешата на нешто што беше градено со трпенија, интелигенција и многу повеќе. Растот мора да се препознае од 2010 година, да не заборавиме од каде почнавме“, вели Ањели.

Scroll to Top