Top Sport

Анри е вистински трол – се преправаше дека не знае кои се Тотенхем

Легендарниот поранешен напаѓач на Арсенал, Тјери Анри стана хит на социјалните мрежи, откако при гостување на француската телевизија се преправаше дека не знае кој тим е тој Тотенхем, лутиот ривал на „топчиите“.

Анри никогаш немаше загубено од Тотенхем додека беше фудбалер на Арсенал, и славно ја освои титулата на стадионот на ривалите „Вајт Харт Лејн“ во 2004, сезоната во која „топчиите“ ја завршија цела сезона без пораз. Тој дури има и статуа пред „Емирати“ во која е претставена славната прослава по сензационалниот гол против Тотенхем на „Хајбери“ во 2002 година.

При анализата на „Амазон прајм“ за поразот на Рен од 2:0 од Ремс, гостинот порача дека сега треба да играат со Тотенхем во Лига Европа (меч кој заврши 2:2).

„Извинете кој? Не ги познавам“, изјави Анри со насмевка на лицето.

Scroll to Top