Top Sport

Бекам го зголеми уделот во акциите на Интер Мајами

Поранешниот англиски капитен, Дејвид Бекам го зголеми уделот на акции во МЛС клубот Интер Мајами, објаснувајќи дека е „целосно посветен“ на фудбалскиот клуб.

Бекам е ко-сопственик на клубот од Флорида заедно со браќата Хорхе и Хозе Мас, и заедно ги откупија акциите на други двајца ко-основачи на тимот, Марсело Клауре и Масајоши Сон, а покрај тоа склучија договор со „Арес менаџмент“ како нов инвеститор во клубот.

„Горди сме на прогресот кој го направивме во година и пол во МЛС лигата и благодариме на Марсело и Масајоши на првиот дел од нашиот пат. Сега сум уште попосветен на работа со моите партнери и пријатели, Хорхе и Хозе да изградиме клуб со традиција, со добра академија и клуб кој ќе се бори за титули“, изјави Бекам.

И покрај амбициозните планови, Интер Мајами немаат најдобра сезона 2021 под водство на поранешниот соиграч на Бекам од Манчестер јунајтед, Фил Невил. Сепак, во последно време тие имаат шест меча без пораз и сега се на осмото место во Источната конференција, едно место зад плејофот.

Scroll to Top