Top Sport

Анри ги чека големите ѕвезди во олимписката репрезентација

Француските медиуми објавија дека постои можност Килијан Мбапе (25), Оливие Жиру (37) и Антоан Гризман (33) да бидат дел од олимпискиот тим.

На олимпискиот турнир можат да играат фудбалери до 23 години и тројца постари играчи. Селекторот на олимписката репрезентација на Франција, Тиери Анри сака тие три места да ги поплнат искусни играчи од сениорската селекција.

Проблемот е што Олимписките игри не се во календарот на ФИФА и клубовите немаат обврска да ги пуштат играчите на олимпискиот турнир кој ќе трае од 24 јули до 10 август.

Француските клубови се обврзаа да ги ослободат сите играчи што ќе ги повика Анри, сепак, голем знак прашалник е колку странските клубови се подготвени да го направат тоа, особено гигантите во кои играат Гризман (Атлетико Мадрид) и Жиру (Милан), додека Реал сигурно ќе има големи планови со Мбапе кој летово треба да се пресели во Мадрид.

Франција играше на 13 олимписки турнири. Таа освои еден златен медал, на Олимписките игри 1984 година во Лос Анџелес, победувајќи ја Југославија (4:2) во полуфиналето и Бразил (2:0) во финалето.

Scroll to Top