Top Sport

Бен Вајт потпиша нов договор

Фудбалерот на Арсенал Бен Вајт потпишал нов, повеќегодишен договор со „топџиите“, објави клубот на социјалните мрежи.

Во соопштението на Арсенал не се наведени детали за договорот, но британските медиуми тврдат дека Вајт ќе остане во клубот до јуни 2028 година со можност за продолжување на уште една сезона. Тој имаше договор со Арсенал до јуни 2026 година.

-„Среќни сме што потпишавме нов долгорочен договор со Бен. Нашите навивачи го сакаат, со нетрпение очекуваме да уживаме во неговите игри во наредните години“, изјави спортскиот директор на Арсенал, Еду.

Вајт (26) е член на Арсенал од 2021 година. Претходно играше за Лидс, Питерборо, Њупорт, Брајтон и Саутемптон.

Вајт оваа сезона одигра 39 натпревари и постигна два гола. За репрезентацијата на Англија одигра четири натпревари.

Scroll to Top