Top Sport

Анри веќе нема да е ТВ-коментатор, се фокусира на тренерската работа

Легендата на францускиот фудбал, Тјери Анри објави дека се откажува од работата како ТВ-коментатор во англиските телевизии и дека ќе се фокусира на својата иднина како тренер.

Анри беше асистент на белгискиот селектор Роберто Мартинез на Мундијалот во Русија, освојувајќи го третото место со „ѓаволите“. Но, сега поранешниот напаѓач на Арсенал и Барселона, откако ја доби про-лиценцата на УЕФА преку Фудбалската асоцијација на Велс, сака да се фокусира на својата нова работа.

„Последните четири годинии имав многу добри искуства во фудбалот, кои ме натераа да се посветам на мојата долгорочна амбиција да станам фудбалски менаџер. Со мала тага, решив да се откажам од позицијата на ’Скај спортс’, за да се фокусирам на фудбалската работа. Им благодарам на сите кои ме направија да се чувствувам добредојдено и им посакувам најдобро во иднината“, напиша Анри.

Scroll to Top