Големиот талент на Барселона Ансу Фати синоќа стана најмладиот стрелец во историјата на Лигата на шампионите.
Фати со својот гол, во финишот на натпреварот, на „вториот“ тим на Барселона му обезбеди победа над Интер во Милано (2:1).
Момчето кои потекнува од Гвинеја Бисао својот прв гол во кариерата во Лигата на шампионите го постигна на возраст од 17 години и 40 дена. Тој го урна рекордот од 1997 година на Питер Офориквае. Тој на возраст од 17 години и 194 дена постигна гол за Олимпијакос против Розенборг.
„Ова е како во сон. Се се случува брзо, но секој ден имам можност да учам од најдобрите. Бев изненаден кога замолкна целиот стадион. Среќен сум поради голот и победата. Ќе продолжам да работам исто како и досега. Секогаш ќе се обидувам да му помогнам на тимот да победи“, рекол Фати по мечот.
Ансу Фати пред шест дена потпишал договор со Барселона до 2022 година. Откупната клаузула во неговиот договор изнесува 170 милиони евра.