Барселона успеа да се договори со својот талент, наследникот на „десетката“ на Лео Меси, Ансу Фати за нов договор до 2027 година, со откупна клаузула од фантастични милијарда евра.
18-годишниот Фати треба да биде иднина на каталонскиот клуб откако произлезе од нивната славна школа „Ла масија“, заедно со Гави и Педри, кои треба да „пораснат“ во столб на тимот кој ова лето ја загуби својата прва ѕвезда, Лионел Меси и се наоѓа во огромни финансиски проблеми, со кои било какви засилувања ќе бидат ефтини, ако воопшто ги има.
По 1:0 победата на Барса над Динамо Киев, нивни прв триумф во третото коло во Лигата на шампионите, клубот ја потврди веста дека Фати останува долгорочно во тимот, со најавена прес-конференција за во четврток.
2027 #DreamTeen pic.twitter.com/JHLL7FAIGX
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) October 20, 2021