Top Sport

Антоан Гризман е следната голема цел на Ал-Наср

Клубовите од Саудиска Арабија со многу пати се обидуваат да привлечат што е можно повеќе фудбалски ѕвезди да се преселат во тамошното првенство. Во зима тоа го направи Кристијано Роналдо кој потпиша со Ал-Наср.

Шампионот од минатата сезона Ал-Итихад потпиша со Карим Бензема и со Н’Голо Канте. Рубен Невеш и Калиду Кулибали се преселија во Ал-Хилал, додека Ал Ахли се реши за Едуард Менди.

Ал-Наср е блиску до потпишување со Хаким Зијеш и сп Марсело Брозовиќ, но се чини дека нема да се задоволи само со нив.

Гигантот од Ријад сака да се засили со ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман. Напаѓачот има откупна клаузула од 25 милиони евра, што нема да биде проблем за арапскиот клуб, ниту пак платата на фудбалерот. Засега Гризман нема дадено одговор и сѐ уште размислува дали да тргне по стапките на Роналдо.

Scroll to Top