Top Sport

Наполи го продава Лозано, а сака да ја купи јапонската сензација Такефуша Кубо

Крилниот напаѓач на Наполи, Ирвинг Лозано, најверојатно ќе го напушти Неапол ова лето. Тој има понуди од неколку италијански клубови, но исто така и од Саудиска Арабија.

Мексиканскиот репрезентативец пред четири години од ПСВ Ајндховен пристигна во Наполи за 45 милиони евра, но се чини дека не ги оправда очекувањата бидејќи премногу осцилираше во формата.

Лозано има само уште една година од договорот, а раководството на клуботр се обидува да најде соодветна замена. Нивната главна цел е Такефуша Кубо од Реал Сосиедад.

22-годишниот Јапонец оваа сезона имаше девет гола и девет асистенции за баскискиот клуб во Ла Лига, со што имаше голем придонес во освојување на четвртото место и директниот пласман во Лигата на шампионите.

Тој во минатото беше откупен од Реал Мадрид, за кој никогаш не заигра, но беше позајмен во Вилјареал, Хетафе и во Мајорка. Минатото лето Реал Сосиедад му плати 6,5 милиони евра, но Реал го задржа правото на 50 отсто од сумата на идниот трансфер.

Scroll to Top