Top Sport

Антони oбвинет и за обид за силување

Откако поранешна девојка го обвини за физички напад, уште две девојки јавно проговорија и посочија дека фудбалерот на Манчестер јунајтед, Антони, физички ги нападнал.

Габриеле Кавалин, поранешната девојка на Антони го обвини фудбалерот за физичко малтретирање, поради што Фудбалскиот сојуз на Бразил го исфрли од националниот тим пред квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

Антони ги негира сите обвинувања и изјави дека повеќе од тоа не може да каже поради полициската истрага која е во тек.

Но, сега двете нови девојки објавија дека и тие претрпеле физички напади од бразилскиот фудбалер. Едната е студентката Рајса де Фреитас, која изјавила дека била нападната пред ноќен клуб во Сао Паоло по што морала да побара лекарска помош.

Во вториот случај станува збор за 33. годишната Ингрид Лејн, која во интервју за „ТВ Рекорд“ го потврди нападот од страна на фудбалерот.

„Тоа се случи во октомври. Се обиде да има секс со мене, но јас не сакав. Беше лут и ме турна до ѕидот каде што ја удрив главата”, раскажа Лејн.

Scroll to Top