Top Sport

Лавија се повредил на тренингот на Челси

Ромео Лавија се повреди на тренингот на Челзи. Тежок почеток во иовиот клуб за фудбалерот, за чии услуги „сините“ платија 58 милиони фунти.

Лавија сè уште нема дебитирано за Челзи, а на дебито ќе почека бидејќи, како што пренесуваат британските медиуми, на тренинг го повредил скочниот зглоб.

Поради ова, Лавија порано го напуштил тренинг центарот.

Од клубот допрва треба да се огласат, а најверојатно нема да има повеќе детали додека не се завршат сите проверки.

Лавија пристигна во Челзи од Саутемптон во финишот на преодниот рок по долгата сага во која Ливерпул и Челзи се бореа за потписот на младиот играч.

Scroll to Top