Top Sport

Антонио: Дали она што го направи Зума е полошо од расизам?

Курт Зума предизвика голем скандал, кога на социјалните мрежи се појави снимка, како тој ги малтретира своите две мачки. На интернет е покрената петиција, на Зума да му се суди за ова дело. За малтретирање на животни, во англискиот закон е предвидена затворска казна до пет години.

Вест Хем го казни Зума, парично со 250.000 фунти, а Адидас го раскина спонзорскиот договор кој го имаше со фудбалерот. Исто така, осигурителната компанија Виталити, на неодредено време, го суспендираше спонзорскиот договор со Вест Хем.

Денеска, Мајкл Антонио, соиграчот на Зума, рекол дека неприфатливо е она што го направил Зума и поставил неколку прашања.

„Не ми се јасни некои работи. Го осудуваме она што го направи Зума, но дали тоа може да се спореди со она кога се навредуваат луѓе поради бојата на нивната кожа. Некои фудбалери го прават тоа, ќе добијат осум натпревари суспензија и потоа се враќаат на терените. Во овој случај се бара Зума буквално да биде исфрлен од фудбалот. Тоа се двојни стандарди“, рекол Антонио.

Во минатото, Луис Суарез, доби осум натпревари суспензија и казна од 40.000 фунти кога го навреди Патрис Евра, додека овие двајца играа во Ливерпул односно Манчестер јунајтед.

Scroll to Top