Top Sport

Втор златен медал за Скоутен во Пекинг

Ирене Скоутен ја продолжи доминацијата на Холандија во брзо лизгање, на Зимските олимписки игри. Скоутен, победи на трката на 5.000 метри и го освои вториот златен медал на Игрите во Пекунг.

По триумфот на 3.000 метри, Скоутен, со нов олимписки рекорд, го освои златниот медал на трката од 5.000 метри. Времето на новиот рекорд изнесува 6:43.51 минута.

Второто место и припадна на Изабела Вајдеман од Канада, која задоцни повеќе од четири секунди, а бронзата ја освои Мартина Сабликова од Чешка.

34-годишната Сабликова ја заокружи својата колекција на медали, таа има злато од Ванкувер во 2010 и сребро од Сочи во 2014 година.

Холандија во досега одржаните пет натпревари, во брзо лизгање, освои четири златни, две сребрени и еден бронзен медал.

Scroll to Top