Top Sport

Антонио Конте ќе го спасува Реал?

Хулен Лопетеги би можел да се задржи на клупата на Реал Мадрид само неколку месеци. Поранешниот шпански селектор, поради серијата на лоши резултати, се наоѓа пред отказ. Реал нема победа на последните четири натпревари, на кои нема постигнато ниту еден гол.

Италијанскиот „Кориере дело спорт“, на насловната страница во своето денешно издание пишува дека Реал во понеделникот го контактирале Антонио Конте. Наводно, поранешниот тренер на Челси одговорил потврдно на понудата.

Сепак, ова пишување на „Кориере дело спорт“ треба да се земе со резерва, бидејќи Конте води правна битка со Челси околу отказот што му беше врачен по завршувањето на сезоната.

Челси го отпушти Италијанецот додека тој беше под договор со клубот. Конте бара клубот да му ја исплати сумата од девет милиони евра.

Реал, уште во јуни се обиде да го донесе Конте, но тогаш тој се уште беше тренер на Челси и не сакал да го напушти Лондон.

Инаку, Хулен Лопетеги се наоѓа под голем притисок, а според медиумите доколку не успее да извлече позитивен резултат во дербито против Барселона, тогаш сигурно ќе добие отказ.

Пред големото дерби со Барселона, Реал најпрвин ќе го пречека Леванте во Ла Лига, а потоа ќе гостува кај Викторија Плзен во Лигата на шампионите.

Scroll to Top