Top Sport

Халеп се повлече од турнирот во Сингапур

Најдобрата тенисерка на ВТА листата, Симона Халеп, поради повредата на грбот, објави дека нема да учествува на завршниот мастерс во Сингапур.

Романката се повреди минатиот месец на турнирот во Вухан, а прегледите покажале дека станува збор за дискус хернија.

foto: epa

Денес таа соопшти дека го откажала учеството на завршниот местерс во Сингапур. На најзино место ќе настапи Холанѓанката Кики Бертенс.

„Донесов тешка одлука. Никогаш не е лесно да донесете ваква одлука. Мислам дека прв пат во животот го откажав учеството на некој турнир, но здравјето е пред се. Дарен (Кејхил, нејзиниот тренер) целосно ја поддржа мојата одлука. Не сум тренирале четири недели, воопшто не сум подготвена“, рекла Халеп.

Турнирот во Сингапур започнува в понеделник, а ќе играат најдобрите во сезоната: Кербер, Осака, Квитова, Вознијацки, Стивенс, Свитолина, Плишкова и Бертенс.

Scroll to Top