Во отсуство на мечеви од големите пет европски лиги, вечерва најдраматично беше во популарната „Цвајте“, односно Втората Бундеслига, каде што се сретнаа Кил и Санкт Паули и мечот не разочара, односно имаше неверојатна завршница.
Кил, кои се борат за врвот на табелата имаа 2:1 водство против Санкт Паули, кои се во грчевита борба за опстанок, за во судското продолжение, гостите да добијат совршена шанса за израмнување.
По ВАР проверката по очигледното играње со рака, Холанѓанецот Хенк Ферман во 95. минута шутираше пенал, но грчкиот голман на Кил, Јоанис Гелиос имаше одлична одбрана. Судијата не мисли така и досудува индиректен удар на само пет метри од гол-линијата поради играње со топка на еден од одбранбените играчи на Кил до голманот. Гостите едноставно немаа среќа и голманот некако одбрани.
И тука не е крајот! Гостите изведуваат корнер по кој има голема мешаница пред домашниот гол, но повторно голманот некако ја исфрла топката во нов корнер, по кој мечот, конечно, завршува!