Top Sport

Мареј и Јокиќ ги средија Спарс, Далас не можат без Дончиќ (Видео)

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја продолжија победничката серија во НБА лигата. Нагетс надоместија негатива од 23 поени против Сан Антонио Спарс и на крајот славеа 127:120.

Сан Антонио го диктираа ритамот во првото полувреме (53:67), а на почетокот на третиот период имаа предност од 23 поени. Од тој момент Нагетс започнаа да играат, во последната четвртина влегоа со минус од само четири поени.

Во средишницата на последната четвртина Нагетс го презедоа водството кое не го испуштија до крајот.

Џамал Мареј со 26 поени, Никола Јокиќ со 19 поени, осум скока и 13 асистенции, односно Пол Милсап со 22 поени го предводеа Денвер до победата. Ламаркус Олдриџ со 33 поени, шест скока и пет асистенции беше најдобар кај Сан Антонио.

Победничката серија ја продолжија и кошаркарите на Јута Џез. Пред Јута падна Далас Маверикс 123:119. Маверикс без Лука Дончиќ имаа негатива од 21 поен на полувремето, успеаја да се вратат во вториот дел но немаа сили за целосен пресврт. Јута ја запишаа третата победа во низа, додека Далас имаат три порази на последните четири натпревари.

Џордан Кларксон со 25, Бојан Богдановиќ со 23 и Руди Гобер со 17 поени и 16 скока се истакнаа кај Јута, додека Кристапс Прозингс постигна 28 поени за Далас.

Резултати:

Детроит-Шарлот 76:87
Индијана-Бруклин 105:106
Орландо-Атланта 135:126
Торонто-Минесота 137:126
Милвоки-Сакраменто 123:111
Голден стејт-Мајани 101:113
ЛА Лејкерс-Финикс 125:100

Scroll to Top