Top Sport

Араухо со гестот го разбесни Чави и мораше да се извини

Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо мораше да се извини за  гестикулацијата кон ривалот од Еспањол, Николас Маламед по црвениот картон во финишот на каталонското дерби меѓу Барселона и Еспањол.

Тројца фудбалери добија црвен картон во трилер мечот во кој Лук де Јонг обезбеди реми за Барса во финишот на мечот. Жерард Пике и Меламед добија црвени картони по 90-тата минута, по што Араухо му мафташе и му гестикулираше на Меламед откако Уругваецот беше на клупата откако беше заменет на полувреме поради повреда. Араухо му гестикулираше на ривалот со прстот надолу, како да сакаше да му каже дека Еспањол е „печен“ за испаѓање.

Тренерот Чави Ернандез, кој не го виде инцидентот по мечот беше бесен.

„Мораме да го почитуваме противникот, судијата и противничките навивачи. Мора секогаш да покажуваме почит, и покрај цела тензија. Јас се извинувам бидејќи тоа не е нешто што нашите фудбалери треба да го прават“, изјави Чави.

Араухо потоа се извини на социјалните мрежи.

„Би сакал да се извинам на сите навивачи на Еспањол за несреќниот гест кој го направив. Тоа беше резултат на тензија во конкурентно дерби. Секогаш сум сметал дека сум човек кој дава почит кон ривалите и нивните фанови и затоа не сум горд на тоа што се случи“, изјави Араухо.

Scroll to Top