Крилниот напаѓач Арби Воша го напушта тимот на Македонија ЃП, објави клубот. По пет сезони поминати меѓу „лавовите“ од Ѓорче Петров, поранешниот младински репрезентативец ќе побара нов предизвик, најверојатно во Шкупи.
„Ти благодариме Арби и ти посакуваме среќа во понатомошната кариера. Арби потекнува од нашата школа, а со првиот тим освои два куп трофеи! Во петте сезони настапи на 113 натпревари на кои постигна 15 голови“, истакнаа од Македонија ЃП.