Top Sport

Арда Туран: Само пријателите на Роналдо веруваат дека е подобар од Меси

Поранешниот фудбалер на Барселона, Арда Туран вели дека Кристијано Роналдо го бираат пред Лионел Меси како најголем фудбалер во историјата само поради политички причини.

33-годишниот Туран имаше шанса пет сезони да игра покрај Меси на „Ноу Камп“, освојувајќи една титула од Ла лига и два од Копа дел реј, и вели дека и покрај импресивниот број на голови кој ги дава Роналдо, Меси едноставно е многу подобар фудбалер.

„Меси е присутен во секој фудбалски момент. Може да ја диктира играта во секој аспект. За Роналдо нема што лошо да се каже, но тој е стрелец на голови. Меси прави сè во овој спорт. Тој прави работи кои не можеш да ги замислиш. Неговата интелигенција, визија, страст се многу поинакви. Сите со кои сум зборувал се согласуваат, освен луѓето кои се блиски со Роналдо. Тоа е политичка причина: ’Роналдо ми е пријател и не сакам да се мешам’. Меси е убедливо најдобар“, вели Туран.

Scroll to Top